5.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Средба на Мицкоски со челникот на европските конзервативци

На маргините на Политичкото собрание на европските нардонис партии, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со Манфред Вебер, претседател на Eвропската народна партија (EPP) во Европскиот парламент.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го информираше Вебер за актуелните состојби во државата. Мицкоски укажа на политичкиот прогон од страна на актуелната власт преку злоупотреба на државните институции. Наместо реформи кои би ја придвижиле државата напред, Мицкоски посочи дека секојдневно сме сведоци на коруптивни скандали и општ грабеж кој ја уназадува државата како на политички така и на економски план. Со секој изминат ден на власт, Зоран Заев и СДСМ се повеќе ја оддалечуваат Македонија од патот кон ЕУ и НАТО, информираат од партијата.

Освен за актуелната дневно-политичка состојба, Мицкоски го информираше Вебер и за внатрепартиските случувања и трајната определба на ВМРО-ДПМНЕ, за приоретизирање на евро-атлантските интеграции на Република Македонија.

Манфред Вебер, претседател на EPP во Европскиот парламент е најсериозен кандидат за претседател на Европска комисија