„О2 Иницијатива“: Јанчев да се извини за манипулацијата со загадувањето во Кавадарци, ако намерно прскал само близу мерните станици

Вака намалено загадување е срамно, ако било, како што пишува и како што регистрирале граѓаните, градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев – Градоначалник на Општина Кавадарци јавно да се извини за манипулација, порачуваат од  „О2 Иницијатива“.

На ваков начин и Скопје може да е чисто, да се прска по 50 пати околу тоа што остана да мери зимава, додека градот тоне во чад и се гушиме. Важно мерните станици џам, се вели во нивната објава на социјалните мрежи.

Тие ја споделија информацијата и видеото на „Еко аларм Кавадарци“, според која аеросолизацијата што Јанчев ја презентираше како успешен метод за борба против загадувањето е неуспешна бидејќи прскањето се одвивало само близу мерните станици и на тој начин граѓаните се изманипулирани со бројките на загадување кои ги покажуваат истите.

Ви презентираме видео материјал кој е снимен околу 20:30 часот, во текот на синоќешната вечер (09.12.2018).

Во периодот од 20:30 до 20:55, се вршеше агресивно прскање со вода околу мерната станица која се наоѓа кај новиот кружен тек, од страна на градинката. Само во овој период од 25 минути, противпожарното возило го сврте кружниот тек 4 пати, додека тракторот 3 пати.

На видеото јасно се гледаат две паркирани коли со вклучени светла за сигнализација, тоа се луѓето кои го водат градот и го следат процесот на прскање на оваа ЗА НИВ КРИТИЧНА И ВАЖНА ЛОКАЦИЈА, притоа давајќи инструкции за тоа како да се врши аеросолизација.

Со ова, вештачки се предизвика мерната станица да покаже дека загадувањето со ПМ честички од 297, според мерењето во 18 часот, паднало под 50 микрограми на метар кубен според мерењето во 21:00.

МОЖЕБИ ПОДОБРО Е ВООПШТО ДА ЈА НЕМА МЕРНАТА СТАНИЦА ЗА КВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХОТ?

Вака не се лаже и манипулира народот ни во СЕВЕРНА КОРЕЈА!

ОД СТРАНА НА ОПШТИНАТА БАРАМЕ ВЕДНАШ ДА СЕ ПРЕКИНЕ ОВАА ГЛУПОСТ НАРЕЧЕНА АЕРОСОЛИЗАЦИЈА!

До кога ќе не лажете?