ОАЕ повторно ја отворија амбасадата во Дамаск

Амбасадата на Обединетите Арапски Емирати во Сирја, којашто ја прекина работата во 2012 година поради разгорувањето на кризата во земјата започната една година претходно, повторно е отворана во Дамакс, пренесува во четвртокот државната новинска агенција на емиратите WAM.

Министерството за надворешни работи на ОАЕ наведува дека нивниот вршител на должноста ја преземал својата должност во четвртокот, како и дека повторното отворање на амабсадата има намера да се нормализираат односите со Сирија и да се намали ризикот од региналните мешања во „арапско-сириските прашања“.

„Министерството за надворешни работи објавува дека е обновена работата на амбасадата на Обединетите Арапски Емирати во Дамаск. Вршителот на должноста започна со работа во зградата на амбасадата во братската Сириска Арапска Република од денеска“, се додава во соопштенеито.

Дипломатијата на емиратите, исто така, наведува дека овој чекор го сметаат за потврдат на желбата за „нормализирање на односите меѓу братските земји“ и „интензивирањето на арапската улога во поддршката на независноста и суверенитетот на Сирија, единството на нејзината територија, безбедноста во регионот“.