Јоанис води во првиот круг од претседателските избори во Романија

Актуелниот романски претседател Клаус Јоанис води по првиот круг од претседателските избори во земјата, покажаа првичните резултати од излезните анкети.

Според анкетите, се очекува тој во вториот круг да се соочи со доскорешната социјалдемократска премиерка Виорика Данчила.

Избирачките места во цела Романија беа затворени синоќа во 19 часот по локално време, а со излезните анкети беше утврдено дека Јоанис освоил 39, додека Данчила 25 отсто од гласовите.

Вториот круг од изборите ќе се одржи на 24 ноември.