Објавен датумот: Кога почнува масовната вакцина во Русија против коронавирусот?

Масовната вакцинација на ризичните групи со вакцината против коронавирус во Русија ќе започне после периодот ноември-декември оваа година, изјавил министерот за здравство на Русија, Михаил Мурашко.

Тој најавил и дека дополнителните испитувања на регистрираната вакцина против коронавирусот „Спутник 5“ ќе започнат оваа недела.

„Во моментов се формираат групи за клинички испитувања на вакцината (фаза по регистрација). Веќе се собраа над 2.500 луѓе, а ќе има вкупно 40.000 волонтери. Ова се плацебо-контролирани истражувања што ќе ни овозможат да ги следиме сите нијанси и детали преку голем број луѓе. Гледаме дека вакцината е ефикасна и безбедна“, објаснил тој.

Мурашко додал дека вакцината ќе започне да се доставува до руските региони во периодот ноември-декември.

Тој посочил дека во тоа време ќе се постигне максимално производство.

На 11 август Министерството за здравство на Русија ја регистрираше првата вакцина во светот против на коронавирусот, која ја изработи научниот институт „Гамалеј“ заедно со Рускиот фонд за директни инвестиции.