Објавен идеалниот тим на Светското првенство во Шведска и Полска

Светската ракометна федерација го избра идеалниот тим на Светското првенство. Ракометари од пет селекции го сочинуваат составот на најдобри по позиции, а првпат по подолго време најдобриот стрелец и најкорисниот играч е едно исто име.

Данецот Матијас Гидсел е ракометарот кој го одбележа шампионатот и ги однесе овие две признанија.

Идеален тим на Светското првенство:
Гопман: Андреас Волф (Германија)
Десно крило: Никлас Екберг (Шведска)
Десен бек: Алекс Душебаев (Шпанија)
Среден бек: Недим Ремили (Франција)
Лев бек: Симон Питлик (Данска)
Лево крило: Анхел Фернандез (Шпанија)
Кружен напаѓач: Лудовик Фабрегас (Франција)

Најдобар млад играч: Јури Кнор (Германија)

Најдобар стрелец: Матијас Гидсел (Данска)

Најкорисен играч (МВП): Матијас Гидсел (Данска)

Следниот Мундијал се игра за две години, а домаќини се Хрватска, Норвешка и Данска.