Објавен календар со 365 вулви

Германски активисти објавија календар со 365 фотографии на вулви во намерата да го разбијат табуто за женските гениталии.

„Сметаме дека сме просветлено општество, а за вагините не знаеме речиси ништо“, изјави Индра Куенстер, една од активистките кои стојат зад проектот.

Целта на календарот, отпечатен во А5 формат со поинаква вагина за секој до 365-те дена во 2021 година, ќе прикажува колку различни можат да бидат женските гениталии и така да се бори против лажните стандарди, појаснува Куенстер.

Притоа, секоја од страниците на календарот може да се истргне и да се користи како бележник за пазарење, на пример, додава.

Фотографиите се направени во неколку десетици сесии, а многу од „моделите“ се одзвале на повикот преку социјалните мрежи.

Овие активисти сметаат дека женскиот полов орган се стигматизира со векови, а многу жени нависти на се срамат како изгледаат нивните гениталии, нешто што активистите се надеваат дека ќе го променат со овој календар.

Бидејќи изданието за 2021-та е веќе распродадено, се планира веќе истиот проект и за 2022 година.