Објавен огласот за дистрибуција на гас, ќе чини 300 милиони евра и ќе се гради 4 години

200

Гасот до домаќинства ќе стигне најрано за 4 години. Владата бара партнер за изградба на дистрибутивната мрежа за пренос на гас, кој како алтернатива за греење се очекува да ги намали сметките за струја до 75%. Концесионерот  ќе има обврска за 4 години да изгради најмалку 50% од мрежата  во градските општини и 20 отсто во  руралните средини. Услов е приклучокот да не  биде поскап од 100 евра по домаќинство, поскапо ќе чини адаптацијата на просторот во домот.

Едно четиричлено семејтво кое живее во стан од 85 квадрати , за да го приспособи просторот внатре во домот, односно внатрешната инсталација ќе треба да плати околу 1.500 евра, но може да биде и помалку бидејќи, има голема конкуренција во регионот за таквите апарати. Покрај тоа,  има семејства кои веќе имаат парно греење и ќе треба само да го сменат котелот и да купат шпорет и бојлер на гас. , изјави Бајрам Реџепи, директор на Национални енергетски ресурси

Можеби приклучотот ќе биде и бесплатен, а субвенции за граѓаните кои ќе се одлучат да се греат на гас секако дека се предвидени,  додава министерот за економија Бектеши

Целата инвестиција се очекува  да надмине 300 милиони евра , а постапката ќе се спороведува во 3 фази. Условите кои треба да ги исполни концесионерот се 5 годишно искуство во дистрибуцијата, најмалу 100 илјади корисници приклучени во нивниот систем , најмалку 150 милиони евра годишен приход во последните 3 години и најмалку 3 милијарди метри кубни дистибуирано гас.

Заинтересираните имаат рок до 9 јуни да се пријават на огласот , а времетраењето на  концесискиот договор ќе биде до  35 години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.