
„Ворнер брос“ и „Ди-си комикс“ го објавија првиот трејлер за новиот суперхеројски филм „Флеш“ (The Flash), со Езра Милер во насловната улога.
Световите и универзумите ќе се судрат кога Бери ќе одлучи да ги искористи своите супермоќи и да се врати во времето за да ги промени настаните од минатото, се вели во еден опис на филмот. Во него глумат и Бен Афлек, Мајкл Шенон, Кирси Клемонс, Саша Кејл, како и Мајкл Китон – како „Бетмен“ од „мултиверзумот“.
Режисерската палка му припадна на Енди Маскиети, а приказната на Џоби Харолд во сценарио ја преработи Кристина Ходсон.
Филмот излегува на 16 јуни, оваа 2023 година.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.