Објавен составот на машката кошаркарска селекција до 18 години

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија до 18. години Никола Василев го објави списокот на играчи на кои ќе смета во периодот на подготовките, и секако настапот на ФИБА „Челенџерот“ во Скопје.

Василев запиша вкупно 18. имиња, кои од утре ќе ги стартуваат подготовките за летните евро-предизвици. Првиот работен ден на оваа наша јуниорска селекција ќе биде во Маврово.

Поточно, според програмата на стручниот тим на У18 селекцијата во кој се уште и асистентите Нино Чачиќ и Душко Јаковчевски, првите седум дена јуниорите ќе ги поминат на висински подготовки. По враќањето во  Скопје по распоред се и пријателските мечеви.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ

Андреј Митревски (КК ТФТ)

Марин Петков (КК Вардар)

Резарт Мемед (Aurora Basket Jesi-Италија)

Амар Хот (КК Феникс 2010)

Теон Богатиновски (КК Феникс 2010)

Филип Наков (KK Подгорица-Црна Гора)

Мирослав Ѓорѓевиќ (NBB New Best Basket-Италија)

Павел Атанасов (КК Баскет КАМ)

Горазд Величковски (КК Работнички)

Карло Блажевски (КК Работнички)

Петар Бошалевски (КК Работнички)

Христијан Настовски (КК МЗТ Скопје Аеродром)

Димитар Иванов (КК МЗТ Скопје Аеродром)

Виктор Стојковски (КК МЗТ Скопје Аеродром)

Никола Василевски (КК МЗТ Скопје Аеродром)

Милош Јовановиќ (КК Куманово)

Тома Стојановски (КК Гостивар)

Петар Башовски (Шпанска спортска академија-Шпанија)

Селектор: Никола Василев