Објавена листата на граѓани, кои ќе добијат помош со четвриот сет мерки – проверете дали ве има на списокот

Владата на вчерашната седница донесе одлука за четвртиот сет мерки, со кои доделува помош на граѓаните.

Владата им излезе во пресрет на барањата и иницијативите на повеќе субјекти погодени од кризата и на предлог на Заменикот на Претседателот на Владата на Републикаta задолжен за економски прашања, во соработка со Претседателот на Владата и Генералниот Секретаријат донесе одлука дополнителниот сет на мерки во вкупен износ изнесува 488.803.928,00 денари, односно околу 8 милиони евра, се вели во соопштението.

На страницата kupuvamdomasno.gov.mk, може да видите дали сте меѓу оние кои се опфатени во најновиот сет на мерки на Владата. Потребно е само да го внесете матичниот број.