Објавена листата на хитови кои не се здодевни за слушање „од почеток до крај“

My Chemical Romance

Порталот BuzzFeed ги објави резултатите од своето истраќување во кое од испитаниците било барано да ги наведат песните кои не им се здодевни да ги слушаат од почетокот до крајот, а на листата влегле 31 композиција.

На првото место е синглот од 2006 година „Welcome to the Black Parade“ на американската рок-група My Chemical Romance.

На второт место се пласирал хитот на Витни Хјустон од филмот „Телохранител“ од 1992 година „I Will Always Love You“, а на третото е нумерата „Africa“ од 1982 година на рок бендот Тoto.

На листата најдобро композиции, исто така, се нашле и „Someone Like You“ на Адел, „Hallelujah“ во изведба на Џеф Бакли, оскаровскиот хит на Селин Дион „My Heart Will Go On“, потоа „Losing My Religion“ на групата R.E.M. кој во 1992 година освои две награди Греми, како и „Dancing Queen“ на легендарниот шведски поп-квартет ABBA.