Објавена официјалната потпишана верзија од Протоколот со Бугарија

Maкедонското Министерството за надворешни работи(МНР) денеска ја објави официјалната потпишана верзија  од Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи и неговата бугарска колешка Теодора Генчовска на 17-ти јули во Софија го потпишаа Протоколот. Потписот на двајцата министри врз документот, кој воедно е записник од втора седница на Мешовитата македонско-бугарска комисија, се смета за отворање пат кон почеток на пристапните преговори за членство во Европската Унија.

Верзијата може да се види на следниот ЛИНК.