Објавени имињата на новите полициски началници во МВР

Дванаесет позиции во Министерството за внатрешни работи во средата добиваат нови началнички и раководни позиции по предлог на министерот за внатрешни работи во техничката влада Наќе Чулев. Алфа екслузивно го објавува списокот на рокадите.

1-Досегашниот началник на СВР Скопје Тони Јакимовски, се менува со Виш полициски советник Ристо Ставревски

2-СВР Битола се менува Славко Јовановски, со Андреј Василевски

3-СВР Велес се менува Злате Јаневски со Игор Ангеловски

4- СВР Струмица се менува Танчо Пројковски со Васко Тодоров

5-СВР Штип се менува Маријан Коцев со Александар Николов

6-СВР Охрид се менува со Сашо Милески со Илија Милески

7-Оддел за сузбивање организиран и сериозен криминал се менува Лазо Велковски со Александар Јанев

8-Началник на интервентна единица СВР Скопје се менува Примислав Димовски со Васко Наумовски

9-Оддел за специјални полициски операции се менува Бранко Трајановски со Сашо Зенговски.

10-Помошник министер на одделот за криминални истраги, за внатрешна контрола и професионални стандарди се менува Дејан Андонов со Филип Филиповски

11- Оддел за внатрешни работи Прилеп се менува Игор Каравилоски со Трајче Горгиески

12. Помошник министр на одделот на информатика и телкомуникации на место на Марјан Коцев е имануван Здравко Стојков.

Чулев има право да назначи 15 нови позиции, за останатите три дополнително ќе одлучува министерот. Според законот актуелните раководители сега ќе станат заменски на новоименуваните и ќе имаат врзани потписи.