Објавени првите резултати од тест на вакцина за коронавирусот

Американските лекари ги објавија резултатите од првите претклинички испитувања на класична вакцина за новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Во трудот објавен во списанието EBioMedicine, се наведува дека научниците биле водени од искуството во борбата против вирусот кој ја предизвикува атипичната пневмонија или Тешкиот респираторен синдром SARS и вирусот на Блискоисточниот респираторен синдром MERS.

„Овие два патогена се блиски роднини на SARS-CoV-2, а нивното проучување покажа дека еден од протеините на нивната мембрана, S-протеинот, е важен за формирањето на имунолошкиот одговор. Може да се каже дека однапред знаевме како реба да се справуваме со новиот вирус“, изјави доцентката на Питсбуршкиот универзитет, Андреа Гамбото, еден од авторите на истражувањето.

Во текот на експериментите со лабораторските глувци, било утврдено дека потенцијалната вакцина, при внесување во организмот придонесува за производство на антителата специфични за SARS-CoV-2, што би требало да биде доволно за неутрализирање на вирусот.

Сега научниците се надеваат дека ќе добијат одобрување за спроведување на кличните испитувања на вакцината на волонтери.

Во текот на изминатиот месец научниците од многу земји ширум светот најавија почеток на испитувањата за разни типови вакцини против новиот тип коронавирус. Некои од нив се тестираат при експерименти со животни, додека други се тестираат врз волонтери. Повеќето од овие препарати се засноваат на фрагменти од РНК на вирусот, кои ги затнуваат човековите клетки за да синтетизираат големи колечествата протеини на SARS-CoV-2.

Како што истакнува Гамбото, ова е релативно нов пристап, чијашто ефикасност сѐ уште не е целосно јасна. Поради тоа, научниците од Питсбуршкиот универзитет прибегнале на помакотрпна, но веќе проверена методологија. Тие развивале вакцина врз основа на веќе готовите фрагменти од S-протеинот на вирусот, кој тој го „користи“ за да навлезе во клетките на белите дробови кај човекот.

За да го произведат, научниците лабораториски одгледале специјална култура на клетки кои произведуваат огромни количества на S-протеинот, а исто така создале и посебен систем за негово внесување во организмот – лепенка прекриена со мноштво нано-игли. Овие стуктури може да навлезат во кожата до оптимална длабочина, да ја растворат и да ја ослободат вакцината, предизвикувајќи имунилошкиот систем да содејствува со неа.

 

Првиот чекор кон вакцина

Научниците ја тестирале работата на овие фластери врз неколку лабораториски глувци. Две седмици откако вакцината била внесена во кожата, имунолошкиот систем на глувците започнал да произведува голем број антитела, кои можеле да се присоединат на вирусните честички и да ги неутралзиираат.

Начниците истакнуват дека сѐ уште не се обиделе глувците да ги заразат со вистинскиот коронавирус, Сепак, нивните досегашни искуства со сличната вакцина за MERS укажува на тоа дека ваквата постапка треба да ги заштити глодарите од напад на SARS-CoV-2 во текот на целата година.

Во блиска иднина Гамбото и нејзините колеги планираат да започнат да работат на експерименти од овој вид. Научниците, исто така, сакаат да ја започнат првата фаза од клиничките испитувања врз волонтери, доколку добијат дозвола од американската влада. Овие мерки, како што се надеваат истражувачите, ќе ја овозможат првата практична примена на вакцината за неколку месеци, а не за година и половина, период којшто е вообичаено потребен во вакви истражувања.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.