22.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Објавени резултатите од конкурсот за студентски стипендии за 2021/2022

Министерството за образование и наука ги објави резултатите од конкурсот за доделување студентски стипендии за академската 2021/2022 година.

Во објавата на листите на добитници на различни категории стипендии, МОН информира дека студентите кои стекнале право на користење студентска стипендија треба да испечатат и пополнат три примероци од договорот за соодветната стипендија и заедно со копија од лична трансакциска сметка, најдоцна до вторник, 30 ноември 2021,  да ги достават до Министерството за образование и наука – директно во писарницата на МОН или по пошта – препорачана пратка со повратница, на адреса: бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје.

Добитниците на стипендија кои нема да достават договор во предвидениот рок ќе се смета дека се откажуваат од правото на користење стипендија.

Одбиените кандидати, пак, ќе имаат можност за приговор во соодветен рок, откако на адресата која ја имаат посочено при аплицирањето ќе добијат решение од МОН во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена.

Незадоволните кандидати може да достават приговор на studentski.stipendii@mon.gov.mk 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.