Објавени упатства за спречување на ширењето на коронавирусот во затворите

За да се спречи ширењето на коронавирусот во казнено-поправните институции, европскиот огранок на Светската здравствена организација (СЗО – WHO) објави во понеделникот мерки, како што се ограничување на бројот на посетите, систематско мерење на температурата и карантин.

„Напорите во борбата против ширењето на болеста би можеле да бидат попусти, доколку не се почитуваат мерките за сузбивање на епидемјиата во затворите…. Лицата кои се лишени од слобода (…) може да бидат почувствителни на епидемијата од коронавирусот од остатокот на населението поради условите во кои живеат“, се наведува во извештајот на триесетина траници на СЗО во Европа.

Се препорачува, во прв ред, да се огранички пристапот на персоналот и посетителите кои „не се од најтесниот круг на семејството“, и мерењето на телесната темпертура на сите кои влегуваат во установата.

Во затворите, потсетуваат уште од СЗО, „мора да се почитуваат правата на секое лице и да се применуваат сите мерки од јавното здравство без никаква дискриминација“. Секоја одлука за сместувањето на затворениците во карантин мора да се темели на „медицинките причини“, се наведува во документот.

СЗО Европа опфаќа 53 земји, меѓу кои постојат големи разлики, како што се Русија и Андора, Германија и Таџикистан, неведуваат од организацијата. Потсетуваат и дека Европа во моментов е жариште на пандемијата.

„За поефикасно да одговори на ширењето на болеста Covid-19 во затворите, националните власти мора да го применуваат системот современи координации кои ги обединуваат секторите на здравството и на правосудството, да се грижат за информирање на затворскиот персонал и да гарантираат почитување на сите граѓански права на секое лице во казнените установи“, додаваат од СЗО Европа.