Познат списокот на кошаркари за селекцијата до 20 години за турнирот на ФИБА

Селекторот на младата репрезентација до 20 години, Тони Симиќ го објави списокот на кандидатите за селекцијата која ќе учествува на FIBA European Challengers 2021 турнирот кој ќе се одржи од 20-25 јули.

Првиот собир, односно подготовките на повиканите кошаркари ќе започнат на 10 јуни (четврток) со почеток во 10 часот во салата на СРЦ „Кале 1“ во Скопје. Подготовките ќе продолжат со седумдневни висински подготовки во Маврово, и тоа во периодот од 17 до 24 јуни 2021 година.

КФСМ ќе ги организира задолжителните лекарски прегледи и ПЦР тестови, за кои ќе бидат навремено известени сите повикани кошаркари.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ ИГРАЧИ

Лука Савичевиќ (КК МЗТ Скопје Аеродром)

Марко Миловановиќ (Juvi Cremona-Италија)

Павел Данаиловски (Torrelodones – Шпанија)

Андреј Андоновски (КК МЗТ Скопје Уни Банка)

Дарио Митевски (КК МЗТ Уни Банка)

Лејсон Зекири (КК МЗТ Уни Банка)

Виктор Исајловски (КК МЗТ Уни Банка)

Марко Величковски (КК МЗТ Уни Банка)

Богдан Мирковски (Mantova-Италија)

Давид Наумовски (КК Водно санс Партизан)

Јован Цветков (КК Водно санс Партизан

Тодор Златев (КК Еуро Никел 2005)

Љубиша Димитровски (КК Навико Академија ФМП)

Никола Груевски (КК Навико Академија ФМП)

Филип Ѓорѓиев (КК Навико Академија ФМП)

Данаил Иванов (КК Вардар)

Кристијан Столевски (КК Гостивар)

Андреј Јакимовски (САД)

Бранко Шуменковски (САД)

Таулант Ибраими (САД)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.