За Обама, Асад е тиранин што убива невини деца, за Путин легитимна власт

За Обама, Асад е тиранин што убива невини деца, додека Путин смета дека Асад ја претставува легитимната власт во Дамаск и дека одбивањето соработка со него би претставувало „грешка“. Обама и Путин денес се сретнаа на маргините на генералното собрание на ОН. Како што пренесуваат светските агенции, тема на разговорите се ситуациите во Сирија и во Украина.

Претседателите на САД и Русија, Барак Обама и Владимир Путин, кои меѓусебно се обвинуваат за поттикнување тензии, во ОН покажаа спротивставени ставови за сириската криза. Тие не се согласуваат околу сирискиот претседател Башар ал Асад.

За Обама, Асад е тиранин што убива невини деца, додека Путин смета дека Асад ја претставува легитимната власт во Дамаск и дека одбивањето соработка со него би претставувало „грешка“.

За Обама Асад е тиранин што убива невини деца, за Путин легитимна власт
За Обама Асад е тиранин што убива невини деца, за Путин легитимна власт

Состанокот помеѓу Владимир Путин и Барак Обама е во тек, а како што претходно оцени агенцијата Франс прес атмосферата пред самиот состанок била повторно напната.

Како што оценила агенцијата, на состанокот веројатно нема да бидат донесени конкретни мерки за ставање крај на граѓанската војна во Сирија што започна во 2011-тата година и во која досега животот го загубија 240.000 лица и неколку милиони Сиријци беа приморани на бегство.

Обама и Путин пред почетокот на средбата само се ракувале и не дале никаква изјава за медиумите.

Путин: Потребна е поширока коалиција против тероризмот

Путин изјави дека е потребна „поширока коалиција“ против тероризмот во Сирија, што би наликувала на „коалицијата против Хитлер“ во Втората светска војна.

Треба да признаеме дека само силите на Асад реално се борат против ИД, изјави рускиот претседател.

Со оваа изјава се согласи и иранскиот претседател Хасан Руани, наведувајќи дека режимот во Дамаск треба да остане.

Ако режимот биде тргнат од власт, терористите ќе влезат во Дамаск, оцени Руани.

Обама: Постои можност за соработка со Русија и Иран

Обама во своето обраќање изјави дека постои можност за соработка со Русија и Иран за репавање на сириската криза. Но, САД со години наназад бараат Асад да биде симнат од власт, слично како и францускиот претседател Франсоа Оланд кој денес во ОН рече дека политичката транзицисја во Сирија е единствено можна ако сирискиот претседател си замине од власт.

Обама и Путин денес се сретнаа на маргините на генералното собрание на ОН. Како што пренесуваат светските агенции, тема на разговорите се ситуациите во Сирија и во Украина.