Обама и се заканува на Русија

Претседателот на САД Барак Обама и се закани на Русија со нови санкции доколку не превземе „брзи чекори“ со цел намалување на тензиите на истокот на Украина, соопшти Белата куќа. Изјавата на Обама е скоро идентична како онаа која претходно ја дал американскиот државен секретар Џон Кери, кој ја повика Москва да превземе „конретни мерки“, за да се стави крај на кризата во источниот дел на Украина, каде што во судирите меѓу војската и бунтовниците настрадаа повеќе од 400 луѓе.

Лидерите на Германија и Франција, АНгела Меркел и Франсоа Оланд го повикаа украинскиот и рускиот претседател Петро Порошенко и Владимир Путин „заедно да работат“ за да стават крај на немирите меѓу проруските бунтовници и украинската војска. Тие побараа од Русија и Украина да превземат одговарачки мерки и да соработуваат со ОБСЕ чиишто набљудувачи ќе следат дали и во која мерка се почитува прекинот на огнот.

Киев и западните земји ја обвинија Русија дека и понатаму ги наоружува проруските бунтовници во Украина, што Москва одлучно го негирала и побарала продолжување на прекинот на огнот кој треба да трае до утре.

Генералниот секретар на НАТО АНдерс фог Расмунсен вчера во Брисел изјави дека „не гледа промени“ во ставот на Русија кон украинската криза и додал дека останува суспензијата на соработката со Москва, иако остануваат „отворени и патштата за дипломатски дијалог.“