Обама: Нашата политика во Авганистан е исправна

Американскиот претседател, Барак Обама, изјавил дека политиката на неговата администрација кон војната во Авганистан е исправна, отфрлајќи ги обвиненијата на поранешниот секретар за одбрана, Роберт Гејтс, кој го довел во прашање неговиот пристап во таа војна.

Обама, по средбата со шпанскиот премиер Маријано Рахој, пред новинарите рекол дека Гејтс е негов „добар пријател“, оценувајќи дека одлично ја водел работата на Пентагон.

Коментирајќи ја неговата книга во која е обвинет дека не ја води војната во земјата на вистински начин, откривајќи детали околу несогласувањата во администрацијата, претседателот на САД рекол дека од таа функција мора да се води сметка за деталите кога „испраќа луѓе во војна“.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.