Обама упати честитка до Македонија по повод празникот

„Од името на претседателот Обама и на американскиот народ, им го честитам Денот на независноста, 8-ми Септември, на граѓаните на Република Македонија,“ се вели во честитката на Обама и понатаму продолжува:

„Разновидноста на населението во Македонија е извор на сила, која продолжува да нуди идеи, енергија и мотивација и ја движи Македонија и целиот регион напред.

Горди сме што во изминатите 23 години Соединетите Држави го поддржуваат развојот и транзицијата на Македонија. Остануваме посветени да и помогнеме на Македонија да го зајакне владеењето на правото, да промовира слобода на медиумите и да изгради силни демократски темели на едно инклузивно, мултиетничко општество.

Им честитаме на сите граѓани на Македонија за сите постигнувања од независноста наваму. Ние се залагаме да работиме заедно кон демократска, безбедна и просперитетна иднина.“