За смртта на Кери Фишер придонеле апнеа во сонот и дрога

Апнеа во сонот и употреба на дрога биле меѓу факторите кои придонеле за смртта на славната актерка Кери Фишер, пишуваат американските медиуми повикувајќи се на наодите од обдукцијата.

Покрај апнеата, состојба во којашто лицето повремено престанува да дише во сонот, и долгогодишното користење на дроги, обдукциските наоди наведуваат дека актерката од „Ѕвездените војни“ боледувала и од атеросклеротична болест на срцето. Точната причина за смртта на е утврдена, но сево ова придонело за исходот.

„Мајка му се бореше со зависности и метална болест целиот живот. На крајот од тоа и почина“, изјави нејзината ќерка Били Лурд за магазинот People.

Кери Фишер, славната Принцеза Лиа од „Ѕвездените војни“, боледуваше од биполарно нарушување. Почина на 27 декември во 60-та година од животот, неколку дена откако претрпе срцев удар на летот од Лондон за Лос Анџелес.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.