Обединета ЕУ може да донесе равнотежа во трговската војна

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард, рече дека ако ЕУ заземе единствен став може да донесе рамнотежа во трговската војна на САД и Кина.

Во играта на покажување на моќ која од една страна ја покажува Америка, а од друга страна Кина, Европа може да одигра специфична карта, рече Лагард на економски форум во Франција.

Според неа, Европа е во областа на трговијата од стратешко значење и за Америка и Кина.

Таа истакна дека Европа има моќ да ја балансира трговската игра на моќ меѓу Вашингтон и Пекинг.

Обединетите Европејци се сила, моќ. Кога се единствени тогаш тие имаат вистински глас што значи нешто, рече Лагард, додавајќи дека ЕУ може да служи како инспирација за многу земји во светот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.