Обединувањето на опозицијата е патот за смена на власта, сметаат аналитичарите

Обединета опозиција до победа на локалните избори кои ќе се одржат во октомври за отворање на патот за предвремени парламентарни избори и смена на актуелната власт. Ова е ставот на политичките есперти кои сметаат дека токму ваквиот пристап на опозицијата е најголемиот страв за власта предводена од Зоран Заев.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера во Дневникот на Сител истакна дека обединување на опозицијата и пораз на власта на СДСМ и ДУИ е целта на ВМРО-ДПМНЕ.

-Еве уште една прилика за јавен повик кон сите да се придуружат кон оваа иницијата да ја победиме оваа неспособна власт. Ако Левица сака да делува опозициски и да ја поразиме оваа неспособна владеачка гарнитура нека се приклучат кон овој опозициски фронт, рече Мицкоски.

Засега нема одговор од Димитар Апасиев дали ќе ја прифати понудата на Мицкоски за обединување на опозицијата. Политичкиот аналитичар Владимир Божиновски во изјава за Курир вели дека овие локални избори не се само за избор на градоначалници и совети, туку се и тест за расположението кај граѓаните во однос на поддршката на партиите. Божиновски смета дека во услови кога имаме влада која едвај функционира со висока нестабилност, победата на опозицијата на локалните би предизвикала нови парламентарни избори.

-Локалните избори ќе дадат потврда на легитимитетот на власта или целосно губење на легитимитетот доколку доживее пораз.  Можеби Левица е партијата на која најмногу и одговараат предвремени парламентарни избори кои ќе се случат ако власта доживеат пораз. Во нејзин сопствен интерес е како партија треба да излезе и да повика нејзините гласачи, членови, симпатизери да ги поддржат кандидатите на целата опозиција генерално, не само на ВМРО-ДПМНЕ. Само на тој начин може да се обезбеди губење на легитимитетот на власта, смета Божиновски.

Според него обединувањето на целата опозиција на претстојните локални избори не е неприродна коалиција.

-Очекувам од Левица, да излезе Апасиев и да повика онаму каде немаат свои кандидати да ги поддржат на опозицијата, очекувам тоа да го направам Алијанса и Алтернатива и ВМРО-ДПМНЕ. Бидејќи нивна заедничка цел е да се смени оваа власт. Главниот страв на власта е ако се обединат најголемите опозициски партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица, истакнува Божиновски во изјава за Курир.