Обезбедена парична помош за 300 семејства настрадани во поплавите

Црвениот крст на Република Македонија спроведе низа активности со цел ублажување на последиците и пружање помош и поддршка на населението кое настрада во поплавите кои зафатија делови од нашата држава на почетокот на оваа година.

На почетокот на годината беше објавен апел за помош кој го поддржаа голем број институции, компании, граѓани и наши иселеници во странство за помош на семејствата кои настрадаа во поплавите. Со апелот беа собрани средства кои им беа доделени на настраданите семејства од поплавените подрачја, како помош за санирање на последиците од поплавите.

Од дополнителните активности кои беа преземени се обезбедија парични средства  кои во вид на втор дел на помош и поддршка  на ден 27 и 28 мај 2015 година се префрлени на сметките на 300 семејства.

Црвениот крст на Република Македонија уште еднаш упатува голема благодарност до сите вклучени субјекти, институции, компании и граѓани за помоштта и поддршката на оваа хуманитарна акција.