Обезбедени се 50 респиратори, но се бара начин како да се транспортираат

Вицепремиерот Бујар Османи извести денес дека се обезбедени 25 респиратори  со пари донирани од норвешката амбасада, кои сега се во депо во Турција и се бара начин како да се донесат во Македонија. Обезбедени се и 30 респираторни машини од Кина, а се купуваат од средства од ЕУ. И за нив се бара начин како да се транспортираат во Скопје.

Исто така се нарачани 200 респиратори од Кина, на што е одговорено позитивно, но мора да се чека тие да бидат произведени бидејќи побарувачката е голема и нема резерви.

Парите за респираторите се обезбедени од 4-те милиони евра помош што ЕУ и ги додели на Македонија деновиве.

Тој исто така извести дека ЕУ ќе пренамени 50 милиони евра за Македонија со цел со нив да се справи со социо-економските штети од епидемијата, како и 9 милиони евра за помош на малите и средни претпријатија и уште 3 милиони евра за поддршка на буџетот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.