Обезбедени се 55 респираторни машини

Обезбедени се 55 респираторни машини – 25 од страна на УНОПС, преку средствата обезбедени од Норвешка и 30 преку УНДП од добавувач од Кина за чија набавка на располагање ќе се стават дел од итните средства кои ги обезбеди Европската Унија за поддршка на земјава во справување со коронавирусот, соопшти министерот за здравство Венко Филипче преку Фејсбук.