Обезглавени осум членови на семејство во Мексико

Обезглавени осум членови на семејство во Мексико
Обезглавени осум членови на семејство во Мексико

Маскирани напаѓачи обезглавија осум членови на семејство во Мексико. Семејството било киднапирано во северниот дел од Мексико, соопштина тамошната полиција.

Од трагичната смрт на ова несреќно семејство во Мексико успеал да се спаси деветтиот член кој успеал да побегне и ја известил полицијата.

Телата на убиените биле пронајдени на локален пат во Чивава.

Грозоморното убиство се случило во област каде нарко – картели одгледуваат марихуана.

Обезглавувањата на тела не се ретка појава во Мексико

Најмалку 10 обезглавени тела и 11 човечки глави во јануари годинава се пронајдени во мексиканскиот планински реон Гереро, каде владее жестоко насилство.

Телата, на кои им биле врзани рацете и нозете и со видливи траги на насилство, биле закопани на различни места во селото Тепевиско.

Исчезнатите студенти прогласени за мртви

Државата Гереро, кој е сиромашен реон каде што се одгледува марихуана и афион, во септември минатата година го привлече вниманието со исчезнувањето на 43 студенти, кои веројатно биле убиени од нарко-дилери во околината на градот Игуала.

Членови на нарко-картелот „Герерос унидос“ тврдат дека студентите биле убиени и запалени. Досега се идентификувани посмртните останки само на една од жртвите. Во врска со ова грозоморно дело се уапсени околу 90 локални полицајци, шверцери и службеници, меѓу кои и поранешниот градоначалник на Игуала и неговата сопруга.

 

 

Имено во Мексико секојдневно има пресметка помеѓу нарко – картелите.