Обид за силување во Велес

Триесет иосумгодишна жена од Велес пријавија во полицијата обид за силување од непознато лице, кога во понеделникот ноќта се движела кај локалитетот Жолта ограда, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На 18.01.2021 во 23:30 часот во СВР Велес, 38-годишна жена од Велес пријавила дека околу 23:00 часот, додека се движела кај место викано „Жолта ограда“, едно лице се обидело да изврши обљуба“, се наведува во соопштението на МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.