Обидот за пуч нема да има последици на Договорт меѓу ЕУ и Турција

Германија смета дека неуспешниот обид за воен удар нема да предизвика последици на договорот меѓу Европската Унија и Турција, со кој треба да се запрат бегалците да минуваат преку Егејското море кон Европа, јави дописникот на МИА од Берлин.

Европската Унија ќе продолжи да го исполнува својот дел од договорот вклучувајќи и давањето финансиска помош за поддршка на бегалците кои што се сместени во Турција, изјави денеска портпаролот на германската Влада, Штефан Зајберт.

Според германската Влада, договорот за бегалците е во интерес и на Европската Унија и на Турција, а Германија очекува Анкара да продолжи да го почитува.

Со договорот кој предвидува Брисел да даде шест милијарди евра финансиска помош, да ги укине визите за турските државјани и да ги забрза преговорите за членство во Унијата, значително се намали бројот на бегалци кои што пристигнуваат во ЕУ.