Обиен автомобил со странски таблички – украдени пасоши, пари и лаптоп

115

На паркингот позади црквата „Св.Дмитрија“ во Скопје, вчера во периодот од 14 до 15 часот, непознат сторител извршил тешка кражба во автомобил „фиат дукато“ со германска национална ознака, сопственост на О.С. во кое имало два лап-топа „Мек Бук“, 200 евра, руска патна исправа, сопственост на А.А.(1986), српска патна исправа на име  М.Н. и интернационална возачка дозвола, лап топ „ХП“, торба сопственост на П.С. во која имало мобилен телфон „самсунг галакси с4“, лап топ „Леново“ и таблет „Гоклевер Т-76“.

Крадецот го искршил задното лептир стакло, по што влегол внатре, ги одзел предметите, а потоа го напуштил лице местото.
Причинета е материјална штета од 400.000 денари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.