Ообилни врнежи од дожд се очекуваат во попладневните и вечерните часови. На повисоките планини ќе има врнежи од снег.
Во западните и северозападните делови наместа се очекува да наврнат околу 50 л/м2 воден талог, соопшти УХМР.
Утре во претпладневните часови се уште ќе има слаби и локални врнежи од дожд, а во текот на денот постепено ќе престануваат и облачноста ќе се намалува.
Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северозападен и западен правец, а во јужните делови повремено ќе се засилува.
Во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно и релативно топло време.