Објавени имињата на 13-те презентери на доделувањето на Оскарите

Три седмици пред доделувањето на најпрестижните филмски награди Оскари, американската Академија за филмски уметности и науки ги откри имињата на 13-те ѕвезди од светот на филмот, телевизијата и шоубизнисот кои годинава како презентери ќе им ги врачат на колегите златните статуетки.

Меѓу нив се и Даниел Крег, познат по улогата на Џејмс Бонд, и Бри Ларсон, која во 2016 година Оскар во категоријата најдобра актерка за улогата во филмот „Соба“.

Академијата, која ги доделуваа престижните филмски награди, годинава одлучи да посвети повеќе внимание на презентерите имајќи предвид дека претходно донесе одлука за тоа годинешната свеченоста да се одржи без главен водител.

Проблемите со домаќинот на свеченоста почнаа уште во декември кога актерот Кевин Харт ја одби понудата на Академијата, појаснувајќи дека не сака негативно да влијае на настанот откако јавноста го нападна поради објави од пред десет години на социјалните мрежи. Имено, лавината критики следеше поради шегите за хомосексуалноста и објави на Twitter од 2009 и 2011 година, по што комичарот се откажа од улогата на главен водител.

Во прво време Харт не сакаше да ѝ се извини на Академијата, но потоа сепак го стори тоа, но штетата веќе беше сторена. Порди тоа Академијата заклучи дека првпат по 30 години свеченоста ќе се одржи без домаќин.

Имињата на дел од презентерите беа објавени во понеделникот меѓу нив се раперката Аквафина, Крис Еванс, Тина Феј, Вупи Голдберг, Џенифер Лопез, Ејми Полер, Маја Родолф, Аманда Стенберг, Чарлиз Терон, Теса Томпсон и Консанс Ву. Другите имиња Академијата ќе ги открие следните седмици.

„Ова е важен момент во историјата на Оскарите. Годинешната свеченоста настојува да ја зачува традицијата, но истовремено воведува измени за да ја задржи верната публика“, се наведува во соопштението на Доун Хадсон, извршната директорка на Аладемијата. Свеченото доделување на Оскарите ќе се одржи на 24-ти февруари.