Објавени прелиминарните резултати од излезните анкети на изборите во Грција

The Associated Press.

Во грчкиот парламент по денешните предвремени парламентарни избори најверојатно ќе влезат седум партии, а ќе победи конзервативната опозициска Нова демократија на Киријакос Моцотакис која ќе освои 158 до 160 мандати од 300-те места во парламентоти ќе може самостојно да формира влада, покажуваат податоците од излезните анкети.

Станува збор за прелиминарни податоци од анкетите на избирачките места до 17,50 часот по локално време. Официјалните целосни податоци од излезните анкети за предвремените парламентарни избори во Грција ќе бидат објавен по 19 часот по локално време, кога ќе бидат затворени изборачките места.

Анкетата ја спроведуваат три агенции. Според нивните куси објави, владејачката коалиција на радикалната левициа Сириза освоијува 27 отсто од гласовите, со што ќе ја загуби власта. Опозициската Нова демократија освоијува 39 до 40 отсто од гласовите, откако на мајските избори за Европскиот парламент ја победи партијата на премиерот на заминување Алексис Ципрас со 9 отсто предност, што и беше директниот повод за распишување на предвремените избори.

Движењето за промени Кинал, поранешната социјалистичка партија Пасок, во моментов освојува 7 отсто од гласовите, Комунистичката партија на Грцја (КПГ) добива 5,9 отсто, а неофашистичката Златна зора, освојува 3,4 отсто од гласовите. Изборниот праг од 3 тосто, за минимални 0,1 процентни поени го минува и движењето МЕРА25 на поранешниот министер за финансии Јанис Варуфакси.

Екстремната десница Грчко решение (Елиники лиси) на Киријакост Велопулос со 3 отсто од гласовите во моментов е на самата граница од изборниот праг.

Доколку во парламентот влезат седум партии, Нова демократија ќе добие од 158 до 160 мандати и самостојно ќе може да формира влада. Доколку Грчко решение, пак, не успее да го мине изборниот праг, во парламентот ќе има шест партии, на Мицотакис ќе добие повеќе мандати.