Објавено видео од убиството на телохранител на украинскиот претседател

Видеото за убиството на припадник на Управата за државна безбедност на Украина, која се грижи за безбедноста на шефот на државата, е објавено на интернет на профилот на порталот Киев Оперативный.

Претходно беше објавено дека во украинската престолнина Киев ноќта кон 3-ти јануари се случила престрелка меѓу 26-годишниот офицер на службата за безбедност и маж кој водел две кучиња.

Според очевидците, за време на караница, мажот со кучињата неочекувано го погодил противникот во вилицата. Потоа, припадникот на Управата за државна безбедност се струполил на земјата паднал во бесознание и наскоро починал. Според првичните медицинскиот наоди, смртта настапила како последица од удат во главата.

Локалните медиуми објавија дека осомничениот бил познат украински боксер. Против него е покренато обвинение за убиство со умисла, за што му се заканува петнаесетгодишна затворска казна. Тој подоцна самиот се пријавил во полицијата придружуван од својот адвокат.