Облачно и нестабилно време

Времето денеска ќе биде претежно облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи од девет до 16 степени, а дневната температура ќе се движи од 16 до 25 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и засилен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 13 степени, а дневната температура до 21 степени.

Во среда и во четврток ќе се задржи променливо облачно време со локален дожд. Потоа од петок ќе настапи стабилизирање на временската состојба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.