Облачно и ветровито, локално пороен дожд и грмежи

23

Преодна дестабилизација на времето се очекува денеска. Синоптичарите најавуваат облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. Локално ќе има пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од два до девет степени, а дневната од 14 до 25 степени.

Во Скопје слично време со засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе достигне до пет степени, а дневната до 23 степени.

Потоа следува период на претежно стабилно време со ниски утрински температури, додека дневните ќе бидат во пораст.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.