Облачно со дожд, на планините снег, температурата до 15 степени

21

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, а во ноќните часови ќе преминат во снег и во некои повисоки места, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, кој во западните делови повремено ќе засилува.

Утринската температура ќе се движи од нула до 6 степени, а дневната од 5 до 15 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе достигне до 3 степени, а дневната до 10 степени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.