Облачно со пообилни врнежи од дожд

37

Времето ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд (понекаде над 20л/м2). Врнежите на планините ќе бидат од снег, а на повисоките места особено во западните делови и на североистокот повремено ќе преминуваат од дожд во снег. Дневните температури преку денот нема многу да се покачат и ќе се пониски и за повеќе од десетина степени од денешните. Уште од ноќта ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од еден до девет степени, а дневната температура од четири до 11 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи  од дожд. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер.

Утринската температура ќе достигне до пет степени, а дневната температура до седум степени.

Од понеделник ќе настапи стабилизирање на времето со постепен пораст на дневните температури. Наутро постудено ќе биде особено во среда и четврток.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.