Облачно со повремен дожд, особено во јужните делови

Денеска во Македонија времето ќе биде облачно, со повремен дожд особено во јужните делови од земјата.

Наутро магливо по котлините. Ќе дува и слаб до умерен југоисточен ветер.

Минималните температури ќе се движат од -1 до 5, додека дневните максимални од 4 до 11 степени.

Во Скопје и околината променливо облачно со можности за врнежи од дожд и температури од 1 до 8 степени.