Облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето во Македонија во понеделникот ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд.

Врнежите ќе започнат на запад кон средина на денот и преку ноќта ќе се прошират во останатите делови од земјата, а позастапени ќе бидат во западните делови.

Минималната температура е во интервал од минус 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 15 Целзиусови степени.

Во Скопје, и околината денеска ќе преовладува слично време со минимална температура до еден и максимална до 12 степени.

Од вторник следува неколкудневен период со позитивни утрински температури