Облачно, со слаб ветер и температура до 16 степени, од следната недела дожд

Претпладне ќе биде умерено до значително облачно, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе од 9 до 16 степени.

Во Скопје, умерено облачно со умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 12 степени.

Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има намалување на облачноста, а во недела ќе преовладува претежно сончево време. Во почетокот на следната седмица се очекуваат врнежи од дожд со умерен интензитет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.