Облачно со сончеви периоди, околу пладне и попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето во Македонија во средата ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Околу пладне и попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура се движи од 7 до 15, а максималната дневна ќе достигне од 23 до 30 Целзиусови степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје и околината променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за развој на нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 28 степени.

Продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, претпладне со сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.

Температурата во следните денови нема значително да се менува.