Облачно со сонце и температура до 10 степени

Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 30 километри на час.

Температурите ќе се движат од еден до десет степени.

Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до седум степени.