Облачно со температура до 11 спепни

15

Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус два до четири степени, а дневната температура од два до 11 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе достигне до еден степен, а дневната температура до седум степени.

Во петок ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи кои поради затоплувањето ќе бидат претежно од дожд. Преодно стабилизирање на времето се очекува за време на викендот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.