Облачно со температура до 19 степени

Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни и проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен вдолж Повардарието, информират од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 17 степени. 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.