Облачно со врнежи од дожд

18

Времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои во западните делови ќе бидат пообилни (локално над 20л/м2). Во вечерните часови врнежите ќе престануваат, а облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од девет до 14, а дневната од 11 до 19 степени.

Во Скопје претежно облачно со слаби врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 17 степени.

Во вторник и среда ќе настапи стабилизирање на времето со пораст на дневната температура. Од четврток повторно ќе биде променливо облачно со локален дожд.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.