Времето денеска во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд.
На повисоките места се очекуваат врнежи од снег. Утринските температури ќе се движат од еден до десет степени, а дневните температури ќе бидат од седум до 14 степени.
Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до 11 степени.