Облачно време со обилни врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои на места попладне и во вечерните часови ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.
Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни попладне и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Во следните денови времето ќе биде претежно стабилно и релативно топло.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.